недела, 15. септември 2019. Вести денес: 77
home Вести

По пожарот во Струмица се бараат одговори: Кој палеше, што палеше и што се изгоре? Ваквото сценарио не е ново

По пожарот во Струмица се бараат одговори: Кој палеше, што палеше и што се изгоре? Ваквото сценарио не е ново

Зоран Заев е во паника, а власта гледа како да се спаси од неизбежното соочување со правдата, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица, по пожарот кој попладнево го зафати судот во Струмица. Гореа простории и за среќа беше спречена поголема катастрофа.

-Кој палеше, што палеше и што се изгоре? Ова се прашањата на кои очекуваме одговор, велат од општинскиот комитет.

Потенцираат и дека ваквото сценарио не е ново.

-Во СЈО се поплавија подрумските простории. СЈО негираше дека е уништено нешто вредно, а неколку месеци подоцна сведоци сме на најголемата криминална афера, која го изнесе на виделина политичко-обвинителско-медиумскиот рекет. Потоа гореше министерството за Правда и до ден денешен не се знае ниту кој го подметна пожарот, ниту што изгоре. Во Куманово гореа управните служби на МВР. Сега гори и судот во Струмица каде што градоначалник во два мандати беше Зоран Заев, а го замени неговиот гласноговорник Костадин Костадинов. Дали и какви пријави и докази се изгорени? Ова е веќе видено сценарио. Одговорност ќе има откако СДСМ ќе си замине од власт.