четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

ПО ПОЖАРОТ ВО КОЈ ЖИВИ ИЗГОРЕА 14 ЛИЦА: Прашањата за оставка и морална одговорност за Заев се БАНАЛНИ

ПО ПОЖАРОТ ВО КОЈ ЖИВИ ИЗГОРЕА 14 ЛИЦА: Прашањата за оставка и морална одговорност за Заев се БАНАЛНИ

На дванаесетиот ден по пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 пациенти, прашањата за оставка и морална одговорност за премиерот Зоран Заев се банални.

-СДСМ има квалитетни кадри кои што можат и Зоран Заев и било кој да го заменат, затоа што секој е заменлив и никако нема да дозволам да навлегувам во прашањето затоа што сигурно и вие приметивте стана банално ова целото сите овие денови, одговорајќи Заев на новинарско прашање.

Според премиерот, моралната одговорност за несреќата во модуларната болница е испорачана од директорите на болницата во Тетово, министерот, како и заменик министерот за здравство.

-Истрагата да заврши да ги видиме резултатите од вештачењето и ќе го кажам мојот став, рече Заев алудирајќи на тоа дали ќе ги прифати оставките или не од директорите на болницата во Тетово и од министерот и заменик министерот за здравство.

Инаку, пожарот изби во средата на 8. септември, во вечерните часови и за неколку моменти ја зафати целата болница, од која успеаја да се извлечат живи 12 лица. Пожарникарите кои пристигнаа веднаш на местото на пожарот, беа немоќни да ги спасат лицата во болницата, туку само да го изгаснат пожарот кој ја зафати целата болница.

По ужасната трагедија, поради изгубените животи и прашањето за безбедноста на пациентите болни од ковид кои се на болничко лекување, оставка поднесе министерот за здравство Венко Филипче како и неговиот заменик Илир Хасани и двајца директори од тетовската болница.

Останува на премиерот Зоран Заев да одлучи дали ќе ја прифати оставката од министерот Филипче кој ја даде од морални причини.

Најнови вести

Локални избори 2021