недела, 9. мај 2021. Вести денес: 123
home Вести

По ослободувањето на сите обвинети од „Монструм“, Спасовски тврди дека сега се трага по Демири и Исмаиловиќ

По ослободувањето на сите обвинети од „Монструм“, Спасовски тврди дека сега се трага по Демири и Исмаиловиќ

Случајот со апсењето на Фејзи Азири еден од обвинетите во „Монструм“ е целосно расчистен и тоа воопшто не е задоцнето, смета министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пренесува МИА.

– Апсењето на Фејхи Азири не беше воопшто доцна. Во моментот кога е пронајдено лицето, стражарно е обезбедено на Клиниката за пулмологија. Ние во истиот момент не можеме практично да ги информираме сите медиуми, после тоа ги известивме медиумите и го известивме затворот кој што распиша потерница или барање за нивно приведување. Во тој дел случајот е сосема расчистен, рече Спасовски.

Во однос на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се во бегство, а се исто така меѓу обвинетите за „Монструм“, Спасовски рече дека имаат одредени информации, но не можат да ги споделат во јавноста.

– Службите во МВР задолжени за овие случаи ги анализираат, ги правиме проверките и секако кога ќе дојдеме до релевантен податок ќе можеме да реализираме каква било акција, рече министерот за внатрешни работи.

 

Коронавирус