среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 150
home Вести

По огласите за вработување во УЈП и во Македонија Пат, во предизборен период распишан е и оглас за вработување и во Царинската управа

По огласите за вработување во УЈП и во Македонија Пат, во предизборен период распишан е и оглас за вработување и во Царинската управа

По огласите за вработување во УЈП и во Македонија Пат, денеска повторно ќе посочиме на oглас за вработување распишан во предизборен период, што е можност да се разгледува како Поткуп во изборни цели. Министерството за финансии Бирото за јавни набавки на 28 Март, три дена пред почеток на претседателската кампања бара 22 времени вработувања во Царинската управа! 22-ца времено ќе бидат ангажирани во Царина, за кои што понудите ќе бидат доставени до 18ти април, три дена пред првиот круг на претседателските избори, изјави на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски кој додаде:

„Еве ја понудата во пари тешка над 2 милиони, 203 илјади денари но, во етичка и уште повеќе во правна смисла многу потешка. Ова е тешка манипулација, се нуди времено вработување за 22 лица, со можност за замена на работа за посакувано однесување на изборите! Ова се нови 22 кои со претходно објавените 44 се веќе 66 семејства за кои објавуваме дека се врши класичен поткуп во изборни цели! Ова е уште еден доказ за корупција во изборни цели, времени вработувања кои треба да бидат мамка за гласање за можност за постојани вработувања.“

-Од моментот кога се распишани избори секое вакво вработување, секој оглас е криминогено однесување со една единствена цел. Дури и овие ангажирања да се согласно годишните планови, многу е интересно што е тоа толку итно во УЈП, Македонија Пат или Царина, што не можело да се одложи за барем еден месец или да се завршело пред еден месец или два месеци? Што е тоа толку големо и неодложно што овие 66-мина во УЈП, Македонија Пат и Царина мора сега и веднаш да го направат за да бидат и времено ангажирани на работа? Токму во предизборен период, подвлече тој и потенцираше:

„Пазете станува збор за вработување за УСЛУГИ! Што можат да бидат тие услуги кои вредат 100.000 денари годишно по вработен, односно месечно за нешто над осум илјади денари плата по ангажиран работник? И услуги кои што се неодложни и итни за да се спроведува вработување во предизборен и изборен период. 22 за по 8 илјади. Што ќе прават тие? Дали ќе ја намалат сивата економија и даночната евазија, ќе го обезбедат небезбедниот автопат Миладиновци Штип или ќе го дигнат капацитетот на Македонската Царина?“

-Одговорот на овие прашања почитувани е дека станува збор за корупција во изборни цели, станува збор за криминал! Ова се кривични дела од корпусот корупција. Има 24 дела во кривичниот законик, а во тие дела се поткупот, потоа злоупотреба на службена положба, трговија со влијание, и тоа е коруптивно кривично дело. Секаде каде се наметнува личниот интерес односно партиски, во извршувањето или неизвршувањето на службената должност е кривично дело, и сето тоа е коруптивен криминал! Едно е сигурно, власта паѓа! Додека преговара за закон за јавнообвинителскиот систем влегува во нови изборни криминогени коруптивни дела! Тоа е показател дека знаат дека доаѓа времето на Правото и правдата! ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи трговија со право и правда, трговија со демократијата, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Коронавирус