сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

По несреќата, втор ден не сообраќа патничкиот воз Кочани- Велес- Скопје и обратно

По несреќата, втор ден не сообраќа патничкиот воз Кочани- Велес- Скопје и обратно

Втор ден не сообраќа патничкиот воз Кочани -Велес-Скопје и обратно како последица на излетувањето од шините вчера попладне околу 17,20 минути пред Овче Поле.

Возот попладнето сообраќал од Скопје преку Велес кон Штип и Кочани, но од засега непознати причини пред Овче Поле од шините излетал единствениот вагон на возот, изјавија за МИА од раководниот тим на Железничката станица во Велес.

Тие информираат дека во возот имало само двајца патници, машиновозачот и кондуктерот кои не се повредени.

Како што велат, денеска се вршел увид на местото на настанот од страна на стручни лица на ЈП Македонски Железници- Инфраструктура.

Поради несреќата возот кој сообраќа двапати дневно, наутро и напладне и денеска не возеше на релацијата Кочани Велес-Скопје и обратно, а ниту попладнево.

Од Железничката станица во Велес информираат дека овој воз нема да сообраќа ниту утре сабајле од Кочани за Скопје, а кој во Велес според возниот ред пристигнува и поаѓа за Скопје во 7,26 минути.

Оттаму најавуваат дека возот Скопје – Кочани најверојатно ќе биде пуштен утре попладне во 15,20 минути од Скопје.

ЕУРО 2020

Македонија