петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

По навредите врз Мизрахи, активистка на СДСМ се фрли на Симон Трпчески: „Сакав да напишам дека е мочко“

По навредите врз Мизрахи, активистка на СДСМ се фрли на Симон Трпчески: „Сакав да напишам дека е мочко“

Активистката на СДСМ Видана Бошкова Мицевска изгледа дека има толку гнев во себе, но го манифестира на погрешно место.

Таа беше една од членовите и активисти на СДСМ кои беа дел од скандалозниот напад врз министерката Рашела Мизрахи со антисемитистички пораки, за кои после неколку дена се извинуваше и поранешниот премиер Зоран Заев.

Сега, оваа жена само докажа дека за неа единствени идоли се политичарите од Власта чии скандали и криминали не ги коментира, но затоа, верувале или не, сака да го нарече виртуозот Симон Трпчевски со погрдни зборови.

Нова мета на напад на активистите на СДСМ е Симон Трпчевски, поради неговите забелешки на условите во кои тој и Филхармонискиот оркестар одржуваа концерт во Штип пред нова година.

Таа напиша:

„Симон Трпчевски прекинал концерт во Штип заради лоши услови. НА КУЛТУРАТА НЕ СМЕЕЛО ДА СЕ ШТЕДИ.

Симоне Симоне. Не штедеа вмро и направија МНТ за 42 милиони ЕВРА и филхармонија од 40 милиони исто ЕВРА.
Следниот пат кога ќе ти се прави концерт таму некаде надвор од Центар, земи 2 автобуси и донеси ги луѓето во филхармонија. Или цела држава во МНТ.

Сакав да пишам мочко, ама да не претерувам“.

Наместо ликовите како Видана да упатат критики кон локалната самоуправа и Министерството за култура поради нечовечките услови во кои најдобриот пијанист во историјата на Македонија и еден од светски најпознатите пијанисти бил приморан да свири, активистите на СДСМ започнаа серија на брутални напади кон него само затоа што си дозволил да упати критика и апел „да не се штеди во културата“.

Концертот кој што се одржа во рамки на Домот на културата „Ацо Шопов“ виртуозот бил приморан да го прекине поради лошите услови, односно поради фактот што во салата немало греење, а имало проблеми и со струјата.

Во видеото во продолжение ќе можете целосно да видите за што точно станува збор: