петок, 9. јуни 2023. Вести денес: 55
home Вести

По најстудената ноќ, следи опасна метеоролошка појава

По најстудената ноќ, следи опасна метеоролошка појава

По дефинитивно најстудената ноќ и утро со минимални температури на воздухот од -18 до -8 степени а на високите планини и до околу -20 степени во текот на денешниот ден следува судир на ладниот и топлиот воздух кој ќе продре од јужните географски широчини.

Во текот на денешниот на запад најпрвин ќе започнат послаби врнежи од снег но како ќе продира топлиот воздух така и врнежите од снег на пониските места ќе поминуваат во врнежи од дожд.

Во ваква ситуација и поради топлиот воздух на горниот слој на Атмосферата и ладниот на долниот слој од истата можна е и локална појава на замрзнат дожд кој директно се заледува со допирање на тлото.

Токму ова е многу опасна метеоролошка појава за граѓаните (пешаци) како и за граѓаните кој возат автомобили па затоа ги советуваме КРАЈНА ВНИМАТЕЛНОСТ како се движат и да бидат МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ со цел да не дојде до несакана ситуација.

Локални врнежи од дожд но и снег на планините и на некои од повисоките места ќе има и во текот на ноќта кон петок, а веќе во петок во текот на денот врнежи од дожд ќе има и на планинските и повисоките места поради големото затоплување.

Максималните дневни температури денеска ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 5 степени додека во петок од 4 до 10 степени.

Најнови вести