недела, 17. октомври 2021. Вести денес: 2
home Вести

По колку заразени со коронавирус се хоспитализирани во секое инфективно одделение во Скопје?

По колку заразени со коронавирус се хоспитализирани во секое инфективно одделение во Скопје?

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 50 пациенти со симтоми на коронавирусот.

Во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 24 пациенти, на Клиниката за очни болести 16 пациенти, а на ОРЛ 23 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 17 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 109 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 151 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 31 пациент, од кои 9 деца и 22 возрасни.

Вкупно 478 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

Коронавирус