Премиерот Зоран Заев цел ден се консултирал со своите најблиски пријатели дали да си замине од владата по неуспехот во Брисел да добиеме старт на преговорите за членство во Европската унија.
Во кабинетот на „Илинденска“, се менуваат соработниците на Заев, а меѓу последните пристигнал и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Јавноста цел ден е во исчекување на прес конференција на премиерот кој најави дека ќе си поднесе оставка ако Македонија не добие датум за преговори.
По историскиот неуспех на Владата денеска прес- конференција одржа Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој повика да се одржат итни предвремени избори, како и Претседателот на државата Стево Пендаровски кој за во недела закажа лидерска средба.
Од пи-ар секторот на Владата последната информација е дека Заев денеска нема да одржи прес-конференција.