четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

По година дена „состојбата е под контрола“ на Филипче однесе над 3.000 човечки животи

По година дена „состојбата е под контрола“ на Филипче однесе над 3.000 човечки животи

„Состојбата е под контрола“, оваа реченица точно година дена ја слушаме од министерот за здравство Венко Филипче по појавувањето на КОВИД-19 во Македонија.

Година дена од првиот КОВИД случај во Македонија е во петок. За година дена починаа над 3.000 граѓани поради неспособноста на министерот за здравство Венко Филипче.

„Пациентката кај која е констатиран првиот случај на заразеност со вирусот „КОВИД-19“, или корона вирусот, е во добра општа здравствена состојба, под постојан мониторинг на стручниот лекарски персонал на Инфективната клиника во Скопје, и со оглед на нејзината претходна здравствена историја, спаѓа во пациентите кои успешно се справиле со вирусот, соопшти министерот за здравство д-р Венко Филипче на прес-конференцијата одржана на 26.02.2020.

Министерот за здравство Венко Филипче од самиот почеток на епидемијата на КОВИД-19 во Македонија уверуваше дека во државата ќе има само до 2.000 лица заболени, но реалната бројка на заболени до сега е над 100.000.

„Состојбата со корона вирусот е под контрола, а како превенција ја разгледуваме опцијата за ограничување на јавните собири во интерес на јавното здравје“, истакна министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција одржана на 28.02.2020.

„Основната индикација, дали епидемијата е под контрола е репродуктивниот број R0, кој треба да е помал од еден, а кај нас подолг временски период е помеѓу 0,6 и 0,9 , што значи дека еден пациент заразува помалку од еден пациент во просек. Вториот параметар е здравствениот систем и можноста на системот да се справи со ова. Ние, подолг временски период практично имаме капацитети во болниците кои се слободни, мал број на пациенти кои се на респираторна машина. Вкупната искористеност на креветите предвидени иницијално за оваа намена во ниеден момент не беше исполнета“, рече министерот за здравство Венко Филипче на 12.05.2020.

„Подемот на кривата на заразени во Македонија е предизвикана од лошиот менаџмент на властите, ќе не доведе во ситуација да бидеме изолиран остров на кризно жариште во цела Европа, со потенцијална опасност голем број на држави да забранат влез за нашите граѓани и за нашите бизниси“, нагласи Игор

Николов, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција на 31.05.2020.

„За да се каже дека работата е излезена од контрола значи да има нови заразени за кои не се знаат контактите, и не се знае од каде се заразиле. Ние имаме податоци за сите заразени. Епидемиолошките анкети не упатуваат на семејни собири на кои не се почитувале препораките и мерките за заштита“, изјави министерот за здравство Венко Филипче на 01.06.2020.

„Неспособноста на Филипче и Зоран Заев стана фабрика за смрт. Филипче и Заев само за едно деноноќие на душа ќе носат 20 семејства на 20-те починати лица кои се дел од статистиката за едно деноноќие. Заев предводи влада која ги убива своите граѓаните. По Втората светска војна до денес Македонија не памети толку големи човечки загуби. Затоа Филипче оставка“, пишува во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ , објавено на 09.11.2020 година.

Дури и кога имаше на 23.11.2020 35 починати за 24 часа, министерот за здравство Венко Филипче се уште сметаше дека состојбата е под контрола.

И во моментов кога нема вакцини за македонските граѓани против КОВИД – 19, а рапидно се шири британскиот сој, министерот за здравство на 20.02.2021 од Велес кажа дека засега не се потребни нови рестриктивни мерки, состојбата е под контрола.

Македонија стана жариште на Балканот и пошироко во регионот, и сето тоа поради неспособноста на министерот за здравство Венко Филипче, а тоа граѓаните плаќаат со своето здравје и животи.

Коронавирус