недела, 9. мај 2021. Вести денес: 84
home Вести

По Фетаи, и Стефанова јавно се огради од Катица Јанева

По Фетаи, и Стефанова јавно се огради од Катица Јанева

По Фатиме Фетаи, денеска и обвинителката од редовите на СЈО Лиле Стефанова се огради од Катица Јанева.

Вели дека од самиот старт била воздржана кон работата на Јанева и дека според неа, во моментов не е важно дали осомничениот е шеф или колега. Денеска гледаме расчистување со криминалот и треба да бидеме горди на тоа – вели Стефанова.

Сепак, дел од јавните настапи на Јанева и Стефанова до неодамна упатуваа дека нивната соработката и односите во Обвинителството биле повеќе од коректни. Двете обвинителки за време на гостување на 1ТВ пред седум месеци зборуваа дека како тим функционираат одлично.

„Мојата доверба во работата на обвинителката Лиле Стефанова е иста како првиот првиот момент кога ја повикав и во овој момент, значи ја има целосно мојата доверба во работата“, изјави Катица Јанева на 30 јануари 2019 за време на гостувањето на 1ТВ.

„Ние ги согледуваме сите моменти, ги разгледуваме и објективните и субјективните моменти на критиката. И разговараме и размислуваме. Меѓутоа не можеме да најдеме некоја посебна грешка кај нас како обвинителство за да можеме да одиме кон поголема самокритика кон нас, изјави Лиле Стефанова на истото гостување.

Реакцијата на Стефанова доаѓа ден откако и нејзината колешка Фатиме Фетаи порача дека секој што се огрешил пред законот треба да одговара. Посочи дека ќе продолжат со застапување на предметите во судница, а евентуалната кривичната одговорност на Јанева, не смее да биде изговор за тие да престанат со работа.

Коронавирус