среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 166
home Вести

По две години згаснува „Независен весник“

По две години згаснува „Независен весник“

По речиси две години постоење, дневниот весник „Независен весник“ утре нема да се печати. Дали ове ќе биде и официјалното згаснување на медиумот засега не е познато, бидејќи новинарите не добиле прецизна информација.

Единствено се знае дека весникот утре нема да излегува, поради извесен долг кон печатницата што го печати.

Весникот Независен е во сопственост на странски, конкретно грчки инвеститор во земјава.

По објавата на веста, со реакција се јави и ЗНМ.

„Секое згаснување на еден медиум е тажна вест за опшеството. Особено за медиум кој се придржуваше до стандардите. Весникот е се уште од оние традиционални медиуми кои наспроти онлајн медиумите, кои се повеќе бегаат од основниот принцип на новинарството, ги одржуваа професионалните стандарди. Годинава имаме два удара, прво затворањето на 1ТВ, а сега и „Независен весник“, што ќе се одрази на социо-економската положба на новинарите и се обезвреднува пазарот на трудот“, истакна претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски.

Тој потенцираше дека Здружението на новинарите во наредниот период ќе направи напори во рамките на своите ингеренции, со релевантни институции, да разговара за да се спаси весникот и да продолжи како и досега со работа.

Коронавирус