недела, 9. август 2020. Вести денес: 93
home Вести

По дрскиот статус кон Силјановска, професорката до Шилегов: Среќа, Петре пешки одам, не ми требаат ваучери за такси

По дрскиот статус кон Силјановска, професорката до Шилегов: Среќа, Петре пешки одам, не ми требаат ваучери за такси

Носителот на Изборната единица 1 Гордана Силјановска Давкова преку статус на Фејсбук му одговори на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов кој јавно ја прозиваше преку негов пост на Фејсбук.

-Среќа Петре, пешки одам, не ми требаат ваучери за такси, па слободно се движам насекаде. Вклучително и од оваа страна на Вардар, која речиси и да не постоеше до пред неколку години.
Сега Петре имаме најсовремена и нова филхармонија и реновирана Македонска опера и балет (каде патем организиравте многу настани). Не се сеќавам дека ја прекоривте и министерката Шеќеринска за прославата во прекрасниот МАКЕДОНСКИ народен театар. Таму се Петре и Музејот на македонската борба, Археолошкиот музеј, Музејот на жртвите од холокаустот итн…
Би било добро да ги посетите некогаш, секако, ако тоа не значи дека ќе страда боемскиот живот.
На плоштадот Филип Втори, Петре, можеш да слушнеш секакви гласови и детски џагор. Македонски, албански, турски, ромски … Се сеќаваме на годините кога беше страв и трепет ноќе некој да помине преку Камен мост.
Таму се и многу институции, меѓу кои и узурпираните Уставен суд, Јавно обвинителство, МНР и други.
За жал Петре, навистина е точно тоа што велат, дека не можете да го избелите тоа што претходната власт го изградила.
Зип лајнот, тунелот под Кале, трамвај без шини, Луна парк, гасификација, нови булевари… остварено НУЛА. ГИ НЕМА!
Те замолувам драг Петре, да не збориме за ситно! Ти посакувам убав боемски живот.
Скопје заслужува подобро!, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Среќа Петре, пешки одам, не ми требаат ваучери за такси, па слободно се движам насекаде. Вклучително и од оваа страна на…

Posted by Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова on Thursday, July 2, 2020

Коронавирус