недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 21
home Вести

По четири часа борба локализиран пожарот во велешко

По четири часа борба локализиран пожарот во велешко

Противпожарните служби и доброволците кои помагаа го локализираа пожарот кој беснееше во велешко.

-По 4 часовна борба со пожарот во Велес ве информираме дека пожарот е локализиран на сите три позиции, информира скопската противпожарна служба на Фејсбук која се приклучи во гаснењето на огнената стихија.

Пожарот неофицијално настана откако неколку лица работеле на изградба на куќа, со алат кој предизвикува искрење при што се запалила сува трева. Поради силниот ветер огнот брзо се проширил и зафатил голема површина.

Од МВР потврдија дека поради сомнение за подметнување пожар приведени се четири лица.

Коронавирус