четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 100
home Вести

По бранот врнежи променето нивото на реките во Македонија

По бранот врнежи променето нивото на реките во Македонија

По бранот врнежи што ја зафати земјава од понеделникот, хидролошката состојба се подобрува. Над или во рамки на просекот се нивоата на повеќето реки кои досега или беа преполовени или тројно, па и пет до десет пати намалени.

Сепак, под просекот за мај се уште се Крива Река кај Крива Паланка и Брегалница кај Штип, а подрастично ниски се вредностите на Црн Дрим кај Ложани и на Струмица кај Ново Село.

Нивоата на езерата не бележат промени, сите се во рамки на мајскиот просек како што беа и досега.

Коронавирус