понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 17
home Вести

По барање на ВМРО-ДПМНЕ, ДИК повторно ги пребројува резултатите од записниците – сите опции се отворени

По барање на ВМРО-ДПМНЕ, ДИК повторно ги пребројува резултатите од записниците – сите опции се отворени

По барање на ВМРО- ДПМНЕ, ДИК повторно ги пребројува резултатите од записниците, се со цел да се отстранат сите можности за било какви неправилности во однос на резултатите од избориве, објави Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Имаме сознанија дека бројките од резултатите внесени во системот на ДИК не соодветствуваат со точните бројки внесени во официјалните записници.

Бидејќи официјални првични резултати нема, а и страната на ДИК не е достапна, правиме преглед на записниците од гласањето во нашиот Републички изборен штаб.

За секој обид за нарушување на правдата и секоја правна нерегуларност ќе има одговорност.

Очигледно дека власта на Заев не се откажува и покрај загубената доверба од народот. Тие сакаат да ја украдат волјата на народот, но ние ќе се бориме за правда, за народната волја и слобода.

Во моментов сите опции се отворени, и по завршувањето на пребројување ќе ги соопштиме нашите следни чекори“ – порача тој.

Коронавирус