недела, 9. мај 2021. Вести денес: 123
home Вести

По барање на обвинителката Лиле Стефанова „Титаник” одложен на 4-ти септември

По барање на обвинителката Лиле Стефанова „Титаник” одложен на 4-ти септември

На денешното рочиште за „Титаник” одбраната побара од судечкиот совет обвинителката Лиле Стефанова да биде изземена и овој предмет на СЈО и да биде прекинат со решение од судот.

Адвокатот Димитар Дангов образложи дека обвинителката Стефанова како и СЈО немаат право да го водат предметот „Титаник“ поради правните дејствија во случајот „Рекет”.

Обвинителката Стефанова побара од советот повеќе време за да се произнесе по ова барање на одбраната, па побара одложување на денешното рочиште за 4 септември.

Коронавирус