четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

По 3,5 години затвор за Ејуп Аљими и Исмет Гури

По 3,5 години затвор за Ејуп Аљими и Исмет Гури

Кривичниот суд им изрече по три години и шест месеци затворска казна за обвинетите во Титаник 3 Ејуп Аљими и Исмет Гури.

Пратеникот од ДУИ во распуштениот собраниски состав Ејуп Аљими денеска не дојде да ја слушне пресудата на скопска единица.

Судот ги прогласи за виновни Аљими и Гури дека уништувале изборни материјали на локалните избори во 2013 година во Чаир. Тие ги преправале точните резултати на гласовите, па така за ДУИ конечните резултати растеле, на ДПА и на ВМРО ДПМНЕ се намалувале. Овие резултати биле пратени во Државната изборна комисија со цел да станат конечни, но не им успеало.

Судењето за предметот траеше околу две години. На пултот за сведоци застанаа над 30 луѓе. Судскиот процес беше враќан и на почеток. Прво се смени главната судијка Оља Ристова, а пресудата ја донесе водечкиот судија Марија Клетничка. Првично обвинението беше застапувано од СЈО од обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевки, а по згаснувањето на СЈО.

Коронавирус