четврток, 1. октомври 2020. Вести денес: 136
home Вести

Пленарната седница за избор на техничката влада закажана за 16:30 часот

Пленарната седница за избор на техничката влада закажана за 16:30 часот

Собранието на Република Македонија во 16:30 часот треба да ја започна седницата за избор на новата техничка влада, која треба да ги организира предвремените парламентарни избори на 12 април.

Мандатар на новата влада е Оливер Спасовски, досегашен вицепремиер и министер за внатрешни работи, кој до Собранието достави предлог за состав на новата влада и програма за нејзина работа.

Претседателот на државата Стево Пендаровски попладнево му го врачи мандатот на Спасовски, а претходно на 127. седница беше констатирана оставката на премиерот Зоран Заев.

Во преодната влада, според Пржински модел, министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика ќе има и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. (МИА)

Коронавирус