вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Платите, најголема расходна ставка во буџетот на АВМУ

Платите, најголема расходна ставка во буџетот на АВМУ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги покажала солидно ниво на транспарентност и проактивен однос и отвореност кон теми од јавен интерес, како медиумска писменост, ЛГБТ заедницата и заштита од дискриминација, покажува петтиот мониторинг извештај за работата на АВМУ на Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Според финансискиот план за 2018 година АВМУ предвидува приходи од 114.725.000 денари, што е за  9.375.000 денари помалку во однос на 2017 година. Најголем прилив се очекува од дозволите (46,7 проценти) и од државниот буџет (46 проценти). Највисока расходна ставка се платите со 35 процетни од буџетот.

Во извештајот се наведува дека Советот на АВМУ не дозволил промена на сопственичката структура на ТВ24 Вести заради опасност од медиумската концентрација, додека дозволил промени во АЛСАТ-М.

На презентацијата на извештајот Билјана Бејкова од НВО Инфоцентар, рече дека во овој квартал за кој се однесува извештајот Владата ги усвоила предложените измени на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, а надлежното министерство ја заокружи јавната расправа за измените за законот.

– АВМУ достави мислење за предложените законски измени, кои се однесуваа на предложените кадровски промени во регулаторот и јавниот радиодифузен сервис, како и воведувањето на промени во финансирањето. Едновремено агенцијата реагираше и за изнесените оценки дека не е независна и професионална институција. Со предлог законот овие забелешки не беа прифатени, изјави Бејкова.

Посочи дека мониторингот на медиумското претставување во рамките на локалните избори биле наведени како причина зошто се доцни со изработка на стратегија за развој на радиодифузната дејност во Македонија.

Извештајот е дел од проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch“, поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Коронавирус