недела, 20. септември 2020. Вести денес: 46
home Вести

Платформата за онлајн настава непознаница на само 2 недели пред почетокот на наставата

Платформата за онлајн настава непознаница на само 2 недели пред почетокот на наставата

На две недели пред старт на учебната година, МОН сеуште ја нема презентирано нацуионалата платформа за онлајн настава. Неофицијално готова е пилот верзија, но деталите не ги откриваат. Дали и колку ќе треба да се обучуваат наставниците и учениците за да ја користат оваа платформа е се уште не познато. Во меѓувреме, дел приватните но и државните училиштата самите си обезбедија платформа и интерни обуки на наставниците со цел годината да ја почнат навреме. Резултатите од далечинското учење од претходната учебна година беа поразителни а познавачите од организациите што се зазнимаваат со образованието велат не се оптимисти ниту кога е во прашање стартот на новата.

Во дел од училиштата директорите обезбедија само таблет уреди преку кои наставниците од училница ќе им предаваат онлајн на учениците .Колку ќе бидат ефективни ваквите часови останува на времето да покаже со оглед на тоа дека добар дел од предметите не може да се предаваат преку презентација туку е потребна табла или поголема интеракција со учениците, како математика, физика, хемија и други. Недостасува опрема, добра интернет врска но и насоки за унифицарна настава во целата држава.

Од платформите преку кои може да се одржува настава онлајн а не се плаќаат се Едмодо , Тинглинк, Едпазл и други. Во МОН до истекот на рокот ,113 училишта побарале да одржуваат настава со физичко присуство на учениците , од нив 34 се средни училишта.

извор: sitel.com.mk

Коронавирус