понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 132
home Вести

Планот на Заев е пропаст за многумина: Мал број на компании ќе користат помош, другите остануваат на работ на егзистенција

Планот на Заев е пропаст за многумина: Мал број на компании ќе користат помош, другите остануваат на работ на егзистенција

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, си се постави себеси во улога на премиер, па почна да предлага економски мерки за време на епидемијата од коронавирус. Но, мерките кои тој ги предложи со сигурност не значат спас, туку напротив, тие носат пропаст на македонската економија која секако е во незавидна позиција.

Од овие мерки корист нема да видат оние на кои помош им е најпотребна.

Мал број на компании ќе користат помош од државата, а  другите остануваат на работ на егзистенција

Мерките кои ги предлагаше Заев, а вчера ги соопшти Спасовски, не важат за компанија која бележи загуби во март. Тоа значи дека  ако сте вработен во компанија во која сега имате помалку сработено од месечно 160 ефективни работни часови, вклучително и за кризниот месец април, тогаш Владата не ја покрива нето минималната плата. Доколку, пак, делумно е сработено, ќе добиете одредена сума, но истата ќе биде пониска од ветените 14.500 денари.

Компаните кои биле успешни и во периодот пред кризата предизвикана од коронавирусот, исплатиле бонуси и зголемувања во платата на своите вработени, тогаш сега нема да добијат ништо иако во моментов и тие се погодени.  Владата, буквално ги казнува овие компании и тие не може да користат парична помош.

Компаниите кои сега се во финансиска криза, но пред пандемијата биле успешни и исплатиле дивиденда на своите вработени, сега од државата нема да добијат ништо.

Сопствениците на бизниси кои поверувале на зборовите на премиерот Заев кажани на 26-ти декември 2019-та година: „Економијата блеска, а резултатите се за поклонување“ и проектирале стратегија на награда на вработените и развој, сега се соочуваат со фактот дека згрешиле бидејќи имале доверба. Помошта од Владата во ова кризно време, НЕ важи за овие компании.

Нема да добијат ниту денар од овие мерки ниту компаниите кои што веќе се корисници на мерките преку  Агенцијата за вработување . Тие нема да можат да ги користат средствата од 14.500 денари.

Сумирано, реална помош од државата нема. Оние на кои најмногу им е потребна финансиска поддршка во моментов, нема да ја добијат.

Мерките на Заев доживеаја фијаско, но последиците од тоа ќе паднат на грбот на народот.

Коронавирус