четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 53
home Вести

Планинарски марш на Водно по повод 9 Мај

Планинарски марш на Водно по повод 9 Мај

Европското движење во Македонија, кое дејствува во рамките на Меѓународното европско движење со седиште во Брисел, по повод одбележувањето на Денот на европското знаме, 9 Мај, денеска го организира традиционалниот Марш на Водно.

Стартот на маршот традиционално е закажан пред Европската куќа во 9 часот со краток церемонијален дел кога претставници на Европското движење и на Делегацијата на ЕУ ќе ги разменат македонското и знамето на ЕУ, а на група планинари и други заинтересирани граѓани, како и членови на Европското движење ќе им бидат доделени мали ЕУ и МК знамиња.

Знамињата ќе се носат до врвот на Водно. На Средно Водно, пак, на учесниците ќе им се поделат вода и кроасани, но оваа година ќе биде изоставено традиционалното планинарско гравче.

Организаторите истакнуваат дека за време на маршот ќе бидат запазени сите мерки за претпазливост за движење во групи и заштита од пандемијата со КОВИД 19.

ЕУРО 2020

Македонија