четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Вести

Писмо од група наставници-кандидати за наставник-ментор

Писмо од група наставници-кандидати за наставник-ментор

Ви се обраќаме со ова писмо поради сознанијата за неправилности при бодувањето на кандидатите за наставник-ментор.

Претходните денови група на наставници- ментори беше разбранувана од низа информаци и за неправилности при изборот на наставик-ментор.

Проструи информација дека се давани инструкции од ваша страна, по укажување на МОН,како да се бодираат извесни наставници од страна на Советниците,при тоа цели досиеа биле отварани повторно, и по првичното оценување биле преоценувани.

Самиот чин остава сомнеж кај наставници кандидати за наставник – ментор .Од принципиелни причини досега не сме реагирале и коментирале за сите проблеми со кои се соочивме во текот на процедурата за избор во овие месеци.

Би сакале да се чувствуваме достоинствено, но не не удостоивте. Огромна е разочараноста.

Со вакво однесување, го урнисавте образованието до степен на непрепознатливост, а требаше да ви биде прв приоритет. Ќе бидеме на дното се додека политиката не ја тргнете надвор од училиштата.

Бараме одговор на сите наши сомнежи,не заборавајте дека ние сите сме од наставничката фела и се се знае!

Со почит,
Група кандидати за наставник – ментор

 

Интегрален текст од писмото на група наставници-кандидати за наставник-ментор

Коронавирус