вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Пировска: Заев ги изневерува очекувањата на народот, Спасовски треба да си поднесе оставка

Пировска: Заев ги изневерува очекувањата на народот, Спасовски треба да си поднесе оставка

Извршниот директор на македонскиот Хелсиншки комитет за човекови права, Уранија Пировска, во интервју за порталот „Балкан инсајт“ го искритикува премиерот Зоран Заев за „изневерените очекувања на народот“, со акцент на случајот со експремиерот Никола Груевски, за кој смета дека не избегал, туку е пуштен да замине во Унгарија.

-На граѓаните им е преку глава да слушаат дека премиерот ги разбирал. Тие очекуваат премиерот да ја води Владата одговорно и да бара отчетност, транспарентност и одговорност од сопствените министри. Во случај како овој (со бегството на Груевски), кој е скандалозен и срамен, требаше да има оставки, прво од министерот за внатрешни работи. Со овој случај Владата ја загуби својата последна шанса да им покаже на граѓаните дека таа вистински сака да направи промени во Македонија во однос на неказнивоста, изјави таа.

Коронавирус