сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Пино ќе биде погребан во Италија, мајката со прашање до осомничената девојка

Пино ќе биде погребан во Италија, мајката со прашање до осомничената девојка

Пинета Секондо – Пино, дваесет и шестгодишното момче кое беше свирепо убиено, ќе биде погребано во Италија. Неговата мајка која со месеци водеше битка со институциите, го бараше и организираше и протест, се враќа за неколку дена во Италија.

Во изјава за ,,Фокус“ таа раскажа дека се уште не се знае точниот датум на погребот, и како целото семејство е во многу лоша состојба по последните вести.

-Што можеме да кажеме сега? Јас, помалиот син, сопругот, сите сме за никаде… Во понеделник доаѓам во Скопје, не знаеме уште кога ќе биде погребано нашето дете. Во Скопје ќе се одржи служба во Католичката црква, но Пино ќе биде погребан во Италија, вели таа за Фокус.

Таа поставува и прашање до девојката која е осомничена.

-Девојката за која зборував уште од самиот почеток, од Ѓорче Петров, таа која последна го видела Пино, за која се сомневав целото време, таа е осомничена со уште едно лице. Ја ставија и на полиграф, но и полиграфот го измамила. Би ја прашала само, што монструм е? Од мајка ли е родена или од ѓавол?, вели таа за Фокус.

Трпковска организираше протести пред Собрание и акции на социјалните мрежи со цел побрзо да го пронајде својот син, а сега бара најстрога казна и вели борбата продолжува.

– „Благодариме на сите за подршката. Тешко е верувајте ми, многу тешко. Мојата битка продолжува, сега БАРАМ ПРАВДА ЗА МОЕТО ДЕТЕ!!! АНГЕЛА ЃЕОРГИЕВСКА СО НЕЈЗИНИОТ ПОМОШНИК ШТО ГО ИМААТ УБИЕНО МОЕТО ДЕТЕ ДА ДОБИЈАТ НАЈГОЛЕМА КАЗНА! ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР!!! Да скапат во затвор! Детето ми го убиле и го сокриле за животни да ми го распарчат! Бел ден да не видиш ни ти ни твојот помошник ни твојата фамилиа!!!, напиша мајката на убиениот Пино.

Коронавирус