вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 145
home Вести

Петте најавени инвестиции од Зоран Заев останаа ветер и магла и во новиот мандат

Петте најавени инвестиции од Зоран Заев останаа ветер и магла и во новиот мандат

Во предизборната кампања за изминатите предвремени парламентарни избори кои се одржаа на 15-ти јули, во дебатна емисија на предизборно соочување со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Зоран Заев изјави дека доколку повторно стане премиер ќе донесе пет нови инвестиции уште во првите денови од новиот мандат.

Веќе е формирано новото парламентарно мнозинство и е изгласана новата Влада на Република Македонија, избрани се новите министри, заменици министри и директори, но инвестициите се уште ги нема.
Дали Зоран Заев повторно со стари лаги и во новиот мандат ги залажува граѓаните и манипулира со нив исто како и во изминатите речиси четири години кога секој ден измислуваше нови лаги и пропагираше купи ден – продај политики?!

Сега е повеќе од јасно дека освен тоа што Зоран Заев е марионета и гостин во сопствената влада, нема да има ниту странски инвестиции, ниту пак нови работни места за граѓаните на Македонија. Единствено нешто кое со сигурност ќе го оствари Зоран Заев се партиските вработувања кои веќе засилено ги остварува, отварајќи јавни конкурси за однапред вработени партиски војници.

Со ваков несериозен политичар кој ниту еднаш не останал на зборот и упорно лаже и манипулира, во Македонија следат црни денови, кои за жал најмногу ќе ги почувствуваат граѓаните.

Коронавирус