сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Петта средба на децата бегалци од егејска Македонија

Петта средба на децата бегалци од егејска Македонија

Петтата светска средба на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија ќе биде во знакот на одбележувањето 70 години од егзодусот.

Манифестацијата  ќе започне денеска со положување цвеќе на Споменикот на децата бегалци, на гробот на Гоце Делчев во црквата Св.Спас и пред споменикот на Лазо Ангеловски во истоименото основно училиште денеска во Скопје ќе започне

Неколкудневните активности продолжуваат утре со свечен собир во спортскиот центар „Борис Трајковски“, на кој ќе биде промовирана едицијата книги „Татковината – копнеж на прогонетите“. Во Музејот на Град Скопје, пак, вечерта во 19 часот ќе биде отворена изложба на фотографии од детските домови и од досега одржаните четири средби на децата бегалци.

На 21 јули учесниците за светската средба ќе одржат пикник во атарот на манастирот „Св.Пантелејмон“ на Пилав Тепе, во Штипско.

Во соборниот храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје в недела ќе се одржи панихида за загинатите и починатите, а манифестацијата ќе заврши со свечена вечера, информираат од Организацискиот одбор на Петтата Светска средба.

Најнови вести

Коронавирус