сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Петрушевски: Заев ги злоупотребува пратениците за криминалните зделки со Макепетрол

Петрушевски: Заев ги злоупотребува пратениците за криминалните зделки со Макепетрол

Најпрвин, проблемот е начинот на кој што се обидува владејачкото мнозинство, би рекол на еден шверцерски начин и пред се она што нив им е битно надвор од очите на јавноста да се донесе тој закон за решавање на спорот помеѓу владата и „Макпетрол“, рече во интервју за Курир пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

– Тука имаме во суштина неколку проблеми, најпрвин од процедурално-формален аспект, има постигнато спогодба помеѓу владата на Република Македонија и АД Макпетрол за решавање на тој спор и слободно може премиерот Заев како предводник на владата да го потпише од една страна таа спогодба и нормално Макпетрол од друга страна, меѓутоа свесен дека најверојатно во позадина, сумата кој што планираат да му биде исплатена на Макпетрол е преголема, како и тоа дека во позадина има некои нелегални моменти, сака истиот да си направи алиби и да си го легализира тоа што смета дека е незаконско и да го злоупотреби владејачкото мнозинство за да му изгласа закон кој што е преседан во македонското собрание, истакна Петрушевски.

Во продолжение погледнете го целото интервју со пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести

Коронавирус