среда, 5. август 2020. Вести денес: 16
home Вести

Петрушевски: Во овие 1000 проекти од програмата на ВМРО-ДПМНЕ може да се најде секој граѓанин

Петрушевски: Во овие 1000 проекти од програмата на ВМРО-ДПМНЕ може да се најде секој граѓанин

ВМРО-ДПМНЕ води позитивна кампања, шири позитивна енергија и граѓаните ни возвраќаат на ист, позитивен начин. Ова го истакна кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 2, Бране Петрушевски во своето гостување во ТВ Плус Куманово.

-Во овие 1000 проекти од програмата на ВМРО-ДПМНЕ може да се најде секој граѓанин. Ги поканувам сите кумановци, сите граѓани да ја прочитаат нашата програма, да видат што нуди ВМРО-ДПМНЕ на овие избори. Ако направам една паралела со програмата на СДСМ, ние имаме конкретни проекти, конкретни рокови за реализација, конкретни буџети. Со тоа даваме тежина на програмата, дека е сериозно сработена и дека не се желби на хартија или она што граѓаните сакаат да го чујат. Туку, нудиме квалитетно сработена програма, нешто што недостасува, за жал, во програмата на СДСМ. Како клучни проекти кои ги имаме во програмата, а се наменети и за кумановци, за што ние се обврзуваме, е да имаме 25% зголемена просечна плата во Република Македонија. се обврзавме пензионерите кои, за жал, се заборавени од оваа власт, да имаат 20% зголемена пензија. Имаме сериозни проекти во инфраструктурата…, истакна тој.

Целото негово интервју можете да го погледнете на видеото во продолжение

Коронавирус