среда, 14. април 2021. Вести денес: 2
home Вести

Петрушевски: Спасовски треба да понесе одговорност за Мијалков, бегството е кривично дело

Петрушевски: Спасовски треба да понесе одговорност за Мијалков, бегството е кривично дело

Слушам одредени изјави по медиумите и сега формално јас не знам дали Сашо Мијалков избегал или не. Ако избегал ние имаме институции во државата кои треба да реагираат, треба да има истрага. Дел велат немало потреба од истраги, дел од обвинителите велат дека ќе имало истрага. Меѓутоа, ако избегал мора да има истрага, бидејќи бегство е кривично дело и мора да има одговорност. Оливер Спасовски беше интересен на таа фамозна прес-конференција, кога целата македонска јавност очекуваше оставка, тој одбра да продолжи да соработува со оваа власт. Но, говорот на телото и треперењето на гласот го издаваше дека има една несигурност и неизвесност, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бранислав Петрушевски во денешниот “Неделен брифинг”.

Според него, она што е многу битно да се спомене, тоа е изјавата со која тој ја предвиде судската одлука за Мијалков. Тој рече дека негира дека постои договор со Мијалков, а доказ за тоа ќе биде пресудата која ќе биде изречена во петок.

-Како може министер за внатрешни работи во една држава да ја знае пресудата којшто ќе ја донесе независната судска власт. И откако Мијалков се пријави во несоодветен суд, излезе Зоран Заев којшто рече дека тој ја координирал акцијата и го глорифицираше системот. И сега Заев и Спасовски имаат различна перцепција за системот. Секако дека веќе е сигурно дека Спасовски е поврзан во некаква корупција. Затоа тој и не доби НАТО сертификат. Тој сертификат не го добиваат лица поврзани со непријателски служби и лица поврзани со корупција, истакна Петрушевски.

Најнови вести

Коронавирус