четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Петрушевски: Сите меѓународни институции гледаат што се случува во државата од страна на власта

Петрушевски: Сите меѓународни институции гледаат што се случува во државата од страна на власта

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ зборуваше за сето она што се случува во Собранието и констатираше дека тоа го гледаат и меѓународните институции.

-Она кое што го видовме и го гледаме во Собранието особено кога се менуваше името преку уставните измени како пратеници со полициска придружба од притвори беа носени да гласаат, како беа уценувани со кривични пријави. За жал овој метод од кој јас извлекувам заклучок дека се случува во Собранието го гледаат и меѓународните институции. Последна денеска беше Фридом Хаус која што покажа дека сме делумно слободна држава и дека најголем дел во корупцијата, во правдата им наоѓа аномалија, рече Петрушевски.

Петрушевски во своето гостување укажа на тоа ако власта е сигурно во своето мнозинство зошто цел месец нема пленарна седница во Собранието.

-Меѓутоа сега се поставува едно друго логичко прашање. Најпрво доколку Зоран Заев бил храбар, а не бил кукавица и сакал да има дебата верувам дека има 20 пратеници преку кои може да поднесе гласање на доверба на влада и да покаже дека е со доволно голем демократски капацитет и да слушне критика од спротивната страна. Меѓутоа ако имаме стабилно мнозинство како што велат колегите од власта и како што сакаат денеска да покажат се поставува логички прашањето зошто еден месец немавме пленарна седница? Ние како опозиција сме секогаш присутни во зградата на Собранието, во нашите канцеларии следиме се што се случува. Наша алатка е дали ќе учествуваме во одредена седница или не особено што од друга страна имаме мнозинство кое што никако не сака да соработува со опозицијата, ништо не сака да ја слушне опозицијата и тогаш е логично да бараме да се обезбеди мнозинство кое што еве велат дека го имаат и нека почната седници, а ние како ВМРО-ДПМНЕ сме тука да соработуваме, додаде Петрушевски.

Коронавирус