петок, 14. мај 2021. Вести денес: 90
home Вести

Петрушевски: Седат Пекер алијас Џеладин Ахмедовски имал двоен матичен број, тој бил во зградата на влада, Заев да каже со кого се среќавал?

Петрушевски: Седат Пекер алијас Џеладин Ахмедовски имал двоен матичен број, тој бил во зградата на влада, Заев да каже со кого се среќавал?

Според нашите информации постојат личности во Македонија со двојни матични броеви, од кои што поголемиот број се фиктивни. Се сомневаме дека околу 20.000 граѓани имаат фиктивни или двојни матични броеви, истакна на денешната прес конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Петрушевски:

Ова значи дека едно исто лице има два идентитети, со што има и двојни документи, кои се легални, затоа што се издадени од официјална државна институција, едниот идентитет е реален, а другиот идентитет е фиктивен измислен.

Тие 20.000 граѓани може да учествуваа на избори и да гласаат два пати. Тие 20.000 граѓани можат да значат сериозна изборна манипулација, кои можат да ги манипулираат било кои избори.

Со постоењето на 20.000 фиктивни матични броеви, сериозно се разнишува довербата на изборниот процес, но и легитимноста на последните неколку изборни циклуси.

Доколку се земе како точна и веродостојна изјавата на Заев од 2016 година, дека изборниот список е прочистен и нема фантоми, тогаш тоа значи дека овие 20.000 фиктивни матични броеви се создадени отпосле.

Се поставува прашањето дали и колку од овие 20.000 лица гласале. Доколку сите гласале, тоа е изборна манипулација, која е оркестрирана лично од власта.

Лице кое ги обединува аферите Мафија 1 и 2 е Седат Пекер, тој имал лична карта со украден идентитет – Џедан Ахмедовски, а тој Џедан Ахмедовски имал и втор матичен број на име на Џеладин Ахмедовски.

Зоран Заев мора да одговори што барало ова лице на средби со негови коалициони партнери? Но, и дали Седат Пекер имал средби во владата и доколку да, со кого?

Дали на такви средби е разговарано за некакви бизниси и дали во тоа е вклучен неговиот брат Вице?

Спасовски и Заев биле мрежа и логистика на ваквите незаконски дејанија и затоа треба да си поднесат оставка, а министерот Спасовски испаѓа дека не се борел против мафијата туку станал нејзин најдобар другар.

Повикуваме ЈО веднаш да утврди и да изврши увид во целокупниот изборен материјал во ДИК и да се утврди колку од овие лица го оствариле два пати своето право на глас, и како со тоа е влијаено на изборниот резултат.

Се отвора сериозен сомнеж дека на власт имаме коалиција која ги украла изборите, а со самото тоа таа е нелегитимна, а последиците од истата неважечки.

Овој скандал не смее да остане забошотен. Потребна е одговорност веднаш, порача Петрушевски.

Коронавирус