петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 110
home Вести

Петрушевски: СДСМ со предлог за онлајн седници докажа дека Собранието е гласачка машина на власта

Петрушевски: СДСМ со предлог за онлајн седници докажа дека Собранието е гласачка машина на власта

– Ова што се предлага Собранието да работи онлајн е во спротивност на Уставот на Република Македонија. Поконкретно со членот 69 од Уставот, каде што е наведено дека Собранието може да работи ако на седницата присуствува мнозинството од вкупниот број на пратеници“, појасни Бране Петрушевски пратеник до редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ при гостување во емисија „24 Анализа“.

Петрушевски додаде дека пратениците како народни избраници имаат и други задачи кои што им се одредени. Во членот 64 од Уставот се дефинира дека пратениците односно пратеникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или за гласање во Собранието. Значи со ова што се нуди како предлог решение не е дефинирано дали доколку пратеник кој што е условно под претпоставка користи далечинско учествување во Собранието може да биде повикан или да не биде повикан за кривична одговорност за искажано мислење.

– Суштината е до крај да се потврди она што е генерална перцепција во оваа држава, а тоа е дека Собранието е исклучиво гласачка машина на Владата. Она што Владата ќе го предложи во кус рок да се изгласа од страна на нивното мнозинство, рече Петрушевски.

Коронавирус