четврток, 4. март 2021. Вести денес: 0
home Вести

Петрушевски: Проблемите на МРТВ произлегуваат од финансискиот момент, односно од моментот што владата не си ги извршува своите обврски кон истата

Петрушевски: Проблемите на МРТВ произлегуваат од финансискиот момент, односно од моментот што владата не си ги извршува своите обврски кон истата

Проблемите на МРТВ произлегуваат од финансискиот момент или од моментот што владата не си ги извршува своите обврски кои што произлегуваат од законите во оваа држава. И она што е позагрижувачки од аспект на почитување на законот за аудио и аудиовизуелни услуги и обврската на владата да 1% од буџетот да оди кон овие услуги, а тој еден процент е исто нотиран во извештајот на ЕК која што оваа држава ја критикува за непочитување на законот за аудио и аудиовизуелни услуги кој што е усогласен со европските директиви, регулативи е нешто што согласно ЕК дава основа и темел за независност во МРТВ, истакна во своето излагање на денешната седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија претеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

-Ние неможеме никогаш да зборуваме за независност, доколку како пратеници сакаме или се обидуваме да влијаеме на уредувачката политика на МРТВ, па макар тоа било на некое наше мислење и сугестија затоа што како пратеници сме носители на функции и нашиот збор има во јавниот дискурс има посебна тежина, рече петрушевски.

Исто така неможеме да зборуваме за уредувачка независност на јавен радиодифузен сервис доколку не ги почитуваме законите и не им дозволуваме финансиска независност. Значи, основна е финансиската независност, па потоа да зборуваме за друга независност, која што ете како сугестија или загрижување го изнесоа почитуваните колеги.
Затоа апелирам за овие средства кои што не само со закон кој што е донесен со усогласеност на политичките партии, со закон кој што е донесен со европските регулативи, значи и нешто што и Европа го бара од нас да им бидат исплатени на МРТВ, па да идеме дури и во друга фаза да им помогнеме уште повеќе за да МРТВ застане на здрави нозе, за да има можност за не зависност, затоа како што реков независноста на еден радиодифузен сервис почива на негова финансиска независност и неслучајно буџетот на МРТВ е конципиран заедно со европските регулативи да биде еден процент од буџетот на Република Македонија, рече во своето обраќање Петрушевски.

Значи процентуален износ, кој што нив ќе им дава предвидливост и сигурност и нема да зависи од волјата на владата или на парламентарното мнозинство, дали ќе им се префрлат средства или нема да им се префрлат средстрва, дециден беше Петрушевски.

Коронавирус