вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 77
home Вести

Петрушевски: Обвинителството да се охрабври и да ги испита сомневањата за незаконското работење во општина Куманово

Петрушевски: Обвинителството да се охрабври и да ги испита сомневањата за незаконското работење во општина Куманово

Институциите да се охрабрат и да ги испитаат сомневањата за незаконското работење во општина Куманово, истакна на денешната прес-конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

-Како пратеник го поздравувам што конечно некоја институција се охрабрила да го испитува незаконското работење и она се што се случува во општина Куманово, која што веќе стана гнездо на сериозни криминали, поврзано со високи функционери на СДСМ на локално ниво. Ова е конкретен случај каде што човек близок на градоначалникот Максим Димитриевски, од позиција одговорен за проекти, префрлувал пари на КК Куманово, но каде што истиот се појавува како претседател на тој кошаркарски клуб. Се работи за суми во милионски износи, ова е сериозна индикација за испумпување на пари од општината, преку кошаркарскиот клуб Куманово, и јас ги охрабрувам и другите институции, јавното обвинителство, финансиската полиција, МВР да испитаат каде се завршувале средствата од КК Куманово кои што ги дотирала општината и кого се се исплаќани плати, ито меѓу исплатените има високи функционери на СДСМ, се надевам дека ќе има слична завршница како и со случајот на Рашковски, затоа што таму започна од ДСКС, а ги презеде Обвинителството. Се надевам ќе се охрабри обвинителството да го испита сомневањето за незаконското работење во општината, рече Петрушевски.

ЕУРО 2020

Македонија