четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 121
home Вести

Петрушевски: Неодложно бараме и инсиситираме на повеќе тестирања во Куманово, проценка и зголемување на човечките и материјалните капацитети на Болницата

Петрушевски: Неодложно бараме и инсиситираме на повеќе тестирања во Куманово, проценка и зголемување на човечките и материјалните капацитети на Болницата

Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пипува дека кумановскиот градоначалник е во сериозен конфликт со Спасовски.

-„Оставени сме сами на себе„ е уште повистинска, пореална, но и поболна констатација за целокупната неспособност на Владата, од причина што доаѓа токму од градоначалник на СДСМ. Сега на сите им е јасно дека нашето укажување на пропустите и грешките во справувањето со кризата не е политиканство, туку реалност која не доведе до моменталната ситуација.
За пошироката јавност, бидејќи кумановската знае, се зборува дека постои сериозен конфликт помеѓу Димитриевски и Спасовски, за тоа кој е „газда“ во Куманово. Токму овој конфликт, помеѓу градоначалникот, кој очигледно под притисок на лошото справување со кризата и лелекот на Кумановци, сега моли за помош, и премиерот, кој опиен од моменталната моќ, се чини дека свесно и намерно го кочи, е можеби дополнителна причина за брутално лошата ситуација во Куманово.
Како претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, поради мојата најискрена загриженост и љубов кон Куманово, апелирам:
– Димитриевски, како што веќе ти пишав во порака уште пред три недели, за што било стојам на располагање на општискиот кризен штаб, заедно со сиот интелектуален и професионален капацитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово. Остави ја настрана личната и партиска суета и прифати ја подадената рака. Немој по примерот на Владата да одбиваш се што доаѓа од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
– Спасовски, те повикувам преку Владата да помогнеш на Куманово и да излезеш во пресрет на барањата на општинскиот кризен штаб! За нас кумановци се работи, за твоите сограѓани…
Бидете убедени дека Куманово ќе победи и без вашата помош. Но тогаш, тогаш како ќе не погледнете во очи!?
Неодложно бараме и инсиситираме на повеќе тестирања во Куманово, проценка и зголемување на човечките и материјалните капацитети на Болницата и да се излезе во пресрет на барањата на општинскиот кризен штаб!
Куманово во срцето! Куманово ќе победи!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

„Оставени сме сами на себе„ е уште повистинска, пореална, но и поболна констатација за целокупната неспособност на…

Gepostet von Бране Петрушевски am Dienstag, 7. April 2020

 

Коронавирус