сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 70
home Вести

Петрушевски на отворањето на изборен штаб во Диво Насеље: Тука Заевизмот беше најсуров и ги ослободи терористите

Петрушевски на отворањето на изборен штаб во Диво Насеље: Тука Заевизмот беше најсуров и ги ослободи терористите

Бране Петрушевски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово се обрати на отварањето на локален изборен штаб во МК Тоде Мендол (Диво Насеље).

Таму се отвора штаб по пауза од повеќе од 6 години.

-Силни беа емоциите додека извикувавме Македонија, Македонија! Тука Заевизмот можеби беше најсуров, кога пред неколку години ги лажеше луѓето за некакво нарачано сценарио, за нас сите, немилиот 9-ти мај. Неколку години подоцна, до ден денешен, нема ништо од тие негови најави, но нема ни извинување. Туку напротив, Заевизмот оди чекор понатаму, и се дрзнува да ги ослободи терористите кои пукаа врз македонските безбедносни сили. Но енергијата која ја пружија овие луѓе, гарантира крај на овој Заевизам – кажувам, негирам, заборавам! Да живее Република Македонија, порача тој.

Целото негово обраќање, погледнете го во продолжение:

Коронавирус