сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 48
home Вести

Петрушевски кон Апасиев: Твојата кариера во политиката е како соборец на Заев до советник на Катица

Петрушевски кон Апасиев: Твојата кариера во политиката е како соборец на Заев до советник на Катица

Левица е понтонскиот мост на Заев во опозицијата.

Главна задача на Левица е глумењето на опозиција и нејзино слабеење.

Нејзиниот лидер Димче Апасиев е човекот кој беше советник во криминалното СЈО. Од соборец на Заев до советник на Катица е неговата кариера во политиката.

Од друга страна лажниот Че Гевара на Заев покрај тоа што е истурена маша, е и лажен револуционер. Че Гевара од човек со хонорари од СЈО, потопен во лукзус и раскош седејќи во скутот на Заев, не бива.

Од тука па во иднина ставовите на Левица треба да се гледаат како ставови кои се на услуга на Заев.

Задачата на Левица е да послужи на Заев како фиктивна опозиција која треба да го раздели опозициското ткиво.

Апасиев и левица се најпосакуваното нешто на Заев. Впрочем таквата лажна опозиција се што правеше изминатиов период е пишување статуси на фб, по некоја пцовка, соблазнување, и празна реторика. Тоа е понудата на ваквата лажна опозиција.

Коронавирус