сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Петрушевски: Кацарска е партиско политички предлог, а не независен предлог за уставен судија

Петрушевски: Кацарска е партиско политички предлог, а не независен предлог за уставен судија

Бране Петрушевски, Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска расправа за избор на уставен судија потенцираше дека со предлогот за уставен судија да биде Добрила Кацарска се нуди еден партиско политички, а не независен предлог.

-Денеска и вчера имавме расправа за предлог за избор на уставен судија во Уставниот Суд на Република Македонија и од сите судии можни, квалитетни, докажани професионалци кои ги поминале сите истанци во Република Македонија. Нас денес ни се нуди никој друг, туку во најмала рака контраверзната Добрила Кацарска. И ништо не би било спорно доколку имавме дебата за еден независен предлог за уставен судија од страна на Советот на судии каде што ќе дебатиравме за кариерата на преложениот предлог. За жал контролната функција која што ја има Собранието од аспект на независноста помеѓу судската, извршната и законодавната власт со овој предлог се нарушува. Дебатите се сведуваат како било во некое време, на кој начин биле бирани судиите наместо да го гледаме интересот на граѓаните, на Република Македонија и нашата стратешка цел за членство во ЕУ која што верувајте е загрозена особено во овој период кога очекуваме меѓувладина конференција за делот на ЕУ затоа што ни се нуди еден ваков политички, а не независен туку партиско политички предлог, истакна пратеникот.

Петрушевски во своето обраќање посочи дека за сите граѓани Кацарска е синоним за едно судство кое е партиско судство по нарачка на еден клан кој што управува со Република Македонија.

-Денеска се нуди судија кој што својата кариера единствено ја градел во Уставен суд и зошто нејзината непристрасност ја потенцираме овие денови во овој законодавен дом како претставници на граѓаните кои што ја бирале затоа што за нас како опозиција и за голем број на граѓани Кацарска е синоним за едно судство кое е партиско судство по нарачка на еден клан кој што управува со Република Македонија, додаде пратеникот.

Коронавирус