понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 49
home Вести

Петрушевски: Европа од оваа Влада бара решавање на корупцијата која стана секојдневие поради СДСМ во Македонија

Петрушевски: Европа од оваа Влада бара решавање на корупцијата која стана секојдневие поради СДСМ во Македонија

Во недостаток на реални реформи кои што државата ќе ја однесат во вистинскиот правец од аспект на отпочнување на преговорите со ЕУ државата продолжува да прави штети на Македонија. И колку на маса имаме според нас штетен договор сепак тој е на маса и треба да го коментираме. Она што сметам дека е погрешно е тоа што наместо да се чека согласно она што е договорено и согласно процесот на откако преговорите ќе започнат со отворање на поглавја како на пример култура, економија итн., и тогаш ваквите прашања условно кажано да се решаваат, тие како што реков во недостаток на реални и суштински реформи брзаат со некои ад хок решенија со кои што претпоставувам се надева власат дека ќе добие одрдедени симпатии во Грција или во некоја друга евроспка земја. Со ваков чекор власта не може да ги затскрие своите неуспеси кои ги реди секојдневно, појасни Бране Петрушевски, пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ при своето гостување во емисјата „Што не е јасно“.

Петрушевски додаде дека ваквата политика на оваа влада веќе не поминува ни кај европските земји. Тука за пример може да се зеде и интервјуто на холандскиот амбасадор кој што директно им укажа да се остави блокадата на Бугарија на страна и да се посветата на реформи, реални реформи. Како најзначаен проблем амбасадорот ја посочи корупцијата.

„Корупцијата владее во ова општетство, суштинската висока корупција која што не се решава. Онака, преку ПР нешто ќе се протне, но сите сме свесни во оваа држава како се добиваат јавни набавки, кој ги добива тие јавни набавки, кои фирми по случајност или не потекнуваат обично од Струмица и ги добиваат најкрупните тендери во оваа држава. Тука е пример и како се вработуваат луѓето во администрацијата. Тоа се суштинските моменти кои што Европа ги бара од нас да ги решиме, а најмал проблем е дали со брзање ќе избрусиме некој национален симбол или ќе се закануваме дека одредени споменици ќе бидат отстранети“, нагласи Петрушевски.

Петрушевски посочи дека Европа не бара од Македонија менување на име во лични карти туку реални реформи кои не ги спроведува оваа влада.

Коронавирус