четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Вести

Петрушевски: Допрва ќе се откиваат сериозни криминали за мафијашката власт, во последните акции со дрога се инволвирани луѓе од високото опкружување на СДСМ

Петрушевски: Допрва ќе се откиваат сериозни криминали за мафијашката власт, во последните акции со дрога се инволвирани луѓе од високото опкружување на СДСМ

Јас како политичар и како пратеник можам да го исперцепирам во однос на случајот со давањето на македонски пасоши на регионални криминалци и во врска со неколкуте акции на заплена на дрога, кои се спроведоа со американста агенција за борба против наркотици, ДЕА се спровеле токму затоа што во акциите се вклучени американците, смета Бране Петрушевски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, а не затоа што власта се ангажирала во борбата против криминалот во Македонија.

Тој во емисијата „200“ на на телевизија Алсат потенцираше дека ваквите акции за расчистување со криминалот и мафијата, како што ја нарече на власт, нема да запрат овде туку дека допрва ќе се откриваат криминали на власта.

„Она што можам по екслузивно да го кажам, е дека ваквите акции нема да прекинат тука и допрва ќе се откиваат сериозни криминали на оваа, слободно можам да ја наречам, мафијашка Влада затоа што соработува со најголемите мафии во регионот. И мислам дека влегуваме во еден процес на расчистување со мафијата во Република Македонија која што има сопствена држава“, истакна Петрушевски.

„Да го уапсат командир на полициска станица во Прилеп, кој што, морам да ја информирам јавноста, го предлага министерот за внатрешни работи. Значи тој не можел да процени кадар кој што става на една висока, сериозна, одговорна позиција во МВР и го апсат во акција за дрога. И во истата акција е уапсен формален или неформален возач на братучедот на премирот Заев кој што има слики во медиумите како вози Мајбах во сопственост на Заеви, како товара работи. Да уапсат лица кои што се формално или неформало обезбедување на тој братучед на премиерот, во држава во која што случајно или не тој братучед на пермирот и тоа семејство Заеви ги имаат лиценците за бизнисот со марихуана, а никој ниту МВР, ниту Јавното обвинителство не истражува од каде таа марихуана, дали фали марихуана во тие фирми кои што одгледуваат за медицински цели а не да продаваат во меѓународните пазари. И ова се сериозни криминали во кои се инволвирани луѓе од највисокото опкружување на СДСМ“, рече Петрушевски во однос на случаите со заплена на марихуна во Македонија.

Коронавирус