среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 22
home Вести

Петрушевски до Спасовски: Што бара началникот на СВР Куманово Стојанче Величковиќ во штабовите на СДСМ? (ФОТО)

Петрушевски до Спасовски: Што бара началникот на СВР Куманово Стојанче Величковиќ во штабовите на СДСМ? (ФОТО)

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски преку статус на Фејсбук прашува што бара Стојанче Величковиќ, началникот на СВР Куманово во штабовите на СДС?

-Министер за внатрешни работи Спасовски, што бара СТОЈАНЧЕ ВЕЛИЧКОВИЌ, Началник на СВР Куманово во штабови на СДСМ? Објавата и сликите се од денес.

Ве прашувам во контекст за законските измени доставени до Собранието, со кои барате припадник на МВР да не биде член на политичка партија.

Дали ова ќе важи и за вашиот пулен Великовиќ и дали ќе го разрешите од позицијата? Или измените ви се потребни само за пресметки со неистомислениците.

Дополнително, неговото присуство во штабови на политичка партија значи притисок и порака до останатите граѓани, и го нарушува изборниот процес.

Барам ваша итна интервенција Спасовски, Великовиќ да биде разрешен, со што ќе покажете јасна волја за демократски и фер избори, и ќе придонесете во департизација на МВР, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Локални избори 2021