недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Петрушевски до Костовски: СДСМ по идеологија е комунистичка партија, дали по изјавата на Заев ќе ја смените идеологијата, ќе ги смените ли имињата на плоштадите во Куманово?

Петрушевски до Костовски: СДСМ по идеологија е комунистичка партија, дали по изјавата на Заев ќе ја смените идеологијата, ќе ги смените ли имињата на плоштадите во Куманово?

– Јас би ве прашал доколку сте доблесен да одговорите вие како политичка партија себеси се сметате за анследници на комунистичка партија идеолошки на Македонија. Вие себеси се сметавте наследници на партизаните, се повикувавте на таа антифашистичка борба на македонскиот народ. Вие доколку сметате дека еве иднината е загрозена и го менувате вашиот став, еве во градот од кој што потекнуваме двајцата имаме два плоштада од кои што едниот се вика „Јосип Броз Тито“, а другиот се вика „Нова Југославија“, дали сте спремен вие да прифатите промена на имињата на тие плоштади оти она што премиерот Заев го изјави дека Југославија била државата која што не кочела, односно не делела со Бугарија, го запраша Бране Петрушевски пратеник до редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ претаникот од СДСМ, Мартин Костовски при гостување во емисија „24 Анализа“.

Петрушевски додаде дека дали СДСМ ќе смогне сили по изјавата на Заев да ги смени имињата на плоштадите во Куманово, дали СДСМ ќе ја смени идеологијата поради Бугарија.

Коронавирус