четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Петрушевски: Денешното гласање за недоверба на Владата беше класичен театар и од тоа најголема штета ќе имаат граѓаните

Петрушевски: Денешното гласање за недоверба на Владата беше класичен театар и од тоа најголема штета ќе имаат граѓаните

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ зборуваше за денешното гласање за недоверба на Владата и истакна дека тоа што денеска се случи во Собранието е еден класичен театар од страна на Заев и од ова најголема штета ќе имаат граѓаните на Република Македонија.

-Легитимно е на секоја опозиција да се бори да разговара во Собранието за рушењето на владата и апсолутно тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ и ќе продолжи да го прави тоа без разлика на денешниот театар да се обиде да собере доволен број на пратеници кој што ќе изгласаат недоверба на владата. Ова денеска што се случи во Собранието е еден класичен театар да не речам циркус каде на еден шверцерски начин Заев во отсуство на лидерот опозиција кој што знаете дека е во самоизолација, да си купи некој ден и тие негови пазарџиски способности особено во делот на тргување со влијанија за кои очигледно е махер, почнувајќи од почетокот на неговиот мандат пред се со пратениците да ете и денеска докаже дека е способен да пазарува во тој дел. За жал ова што го видовме денеска, најголема штета ќе имаат граѓаните на Република Македонија, рече пратеникот.

Понатаму во своето гостување Петрушевски укажа дека денеска во Собранието беше оневозможена дебата за гласање на недоверба на Владата.

– Меѓутоа самиот чин на барање на доверба на Влада Заев го направи на начин кој што оневозможи дебата во Собранието односно употреби реално можност во Деловникот со кое што без расправа, без она кое што опозицијата би обидела да ги убеди и другите пратеници во она кое во континуитет го зборува и она што граѓаните во континуитет го зборуваат и доаѓаа до нас за здравството, за образованието, за културата и сите други области, додаде тој.

Коронавирус