среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 20
home Вести

Петрушевски бара одговор од градоначалникот Димитриевски: Дали НВО „Меѓународен сојуз Скопје“ беше во коалиција со вашата политичка партија СДСМ?

Петрушевски бара одговор од градоначалникот Димитриевски: Дали НВО „Меѓународен сојуз Скопје“ беше во коалиција со вашата политичка партија СДСМ?

Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук сподели статус во кои бара одговор на неколку прашања од градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски поврзани со случајот „Рекет“.

-Почитуван градоначалник на општина Куманово, г-дин Maksim Dimitrievski,

кога веќе повикувате на „интензивна истрага и експедитивна разрешница“ на аферата „Рекет“, ве повикувам јавно одоговорите на следните логични прашања, кои ги интересираат граѓаните на нашата општина:

– Дали во декември 2017 година, Општина Куманово има потпишан Меморандум за соработка со НВО „Меѓународен сојуз Скопје“, чиј претседател е еден од осомничените во аферата „Рекет“?

– Доколку е потпишан, кои и какви проекти и активности се реализирани врз основа на овој Меморандум за соработка?

– Дали покрај СЈО, обвинетиот ја користел и „Меѓународен сојуз Скопје“ како алатка за изнуда на рекет?

– Кои и какви други активности како градоначалник сте имале (или имате) со осомничениот во аферата „Рекет“, инаку претседател на „Меѓународен сојуз Скопје“?

– Доколку ве послуша обвинителството за да спроведе „интензивна истрага и експедитивна разрешница“, па истото ве повика, дали сте подговотвен да соработувате и да дадете изјава во врска со сите ваши активности (доколку ги има) со осомничениот во аферата „Рекет“, инаку претседател на „Меѓународен сојуз Скопје“?

– Дали НВО „Меѓународен сојуз Скопје“ беше во коалиција со вашата политичка партија СДСМ, како еден од поддржувачите на референдумот за промена на името на Република Македонија?

Ве повикувам јавно да заштитите интересот на општина Куманово и одговорите на овие прашања, како би се отстраниле сите евентуални дилеми кои постојат помеѓу нашите сограѓани, но и ќе помогнете кон спроведување на „интензивна истрага и експедитивна разрешница“ на аферата „Рекет“.

П.С.
Да ве поштедам од бесполезното пишување во врска со 11 години „Режим“ и слично – бидејќи веќе три години сте власт, ве повикувам да го искористите вашето влијание во владеачката структура, со цел да овозможите да се расчистат/ откријат/ казнат сите случаи на сомневања за криминал, од кој било ранг и од кој било функционер. Само дилемата ми е и тука, да не се прикриваат некои, сега ваши (мислам на партиски) ортаци, кои ви помогнаа во гласањето на уставните измени!?, прашува Петрушевски.

Коронавирус