петок, 23. јули 2021. Вести денес: 0
home Вести

Петрушевски: Апасиев веќе е прочитан од народот и ваквите сценарија повеќе не му поминуваат

Петрушевски: Апасиев веќе е прочитан од народот и ваквите сценарија повеќе не му поминуваат

Пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека Димитар Апасиев веќе е прочитан од народот и ваквите сценарија повеќе не му поминуваат.

-Штом ќе му загусти на Заев од големиот напластен револт на народот, од нигде никаде се појавува политичкиот турбофолкер и забавувач на широки народни маси Апасиев, да го нападне Мицкоски, за да ја дефокусира јавноста од Заев.

Веќе видено сценарио, чија цел е револтот на народот да спласне, Заев да си купи некој ден мир, а Апасиев повторно да се затвори во собраниските канцеларии уживајќи во благодетите од завршената задача, до некоја следна наредба од Заев.

Затоа нека му каже некој на Димче дека е прочитан од народот и дека вакви сценарија повеќе не му поминуваат, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Коронавирус