понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Петрушевска: Време е да ги одбраниме националните интереси, културата, посебноста и Заев да го испратиме во минатото

Петрушевска: Време е да ги одбраниме националните интереси, културата, посебноста и Заев да го испратиме во минатото

Пратеничката Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот протест под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ пред Владата порача дека „овие трговци сместени во владата одлучија да распродаваат се, ние нема да дозволиме некој од удобните кабинети да го распродава најсветото за македонците и Македонија“.

-Четири години граѓаните се соочуваат со пораз, економијата е на колена сиромаштијата расте, а младите ја имаат картата за еден правец, кажа Петрушевска.

Пратеничката рече „доста се падови, доста беа порази, доста беа поделби“.

-Драги браќа и сестри, како да не беше доволно што секојдневно сведочиме на домашни порази, сега сме седоци и на порази на надворешен план. Заев распродава! Ние тоа нема да го дозволиме, целиот свет знае дека основната вредност на ЕУ е обидинети во различностите. Сите ја знаат вредноста на посебноста на нашата култура, историја, само Зоран Заев не го знае тоа, рече Петрушевска.

На крајот на обраќањето, пратеничката укажа дека ова е нашиот дом и повика да се придружат сите во оваа заедничка борба, бидејќи како што додаде „ние друг дом немаме, време е да ги одбраниме националните интереси, културата, посебноста и Заев да го испратиме во минатото“.

Коронавирус