петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 23
home Вести

Петрушевска:Со кредитот од Светската банка се планира да се поддржи финансиската одржливост на Фондот за здравствено осигурување, дали имаме проблем со Фондот во моментот?

Петрушевска:Со кредитот од Светската банка се планира да се поддржи финансиската одржливост на Фондот за здравствено осигурување, дали имаме проблем со Фондот во моментот?

Според пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Марија Петрушевска новото задолжување од 90 милиони евра е само купување на ден и дека на долг рок Македонија нема да добие закрепнување на економијата и подобрување на состојбата.

-Од овој кредит, дури помалку од 50 отсто од средствата ќе бидат насочени во здравството. Кога овој кредит е за одговор на Ковид-19, тогаш би требало средствата да бидат во најголем дел насочени кон секторот – здравство. Во материјалите кои што ги имаме добиено се планира да се поддржи финансиската одржливост на Фондот за здравствено осигурување. Тогаш да прашам сега дали имаме ние проблем со Фондот во моментот? Дали е тоа поврзано со работењето во оваа институција?, праша од говорницата во Собранието Петрушевска.

Исто така, посочи таа ММФ предвиде дека Македонија ќе ја заврши годината со пад од нешто малку повеќе од 5 отсто и се плашам дека овој кредит е само купување на ден и дека на долг рок ние нема да добиеме закрепнување на економијата и подобрување на состојбата во Македонија.

-Се плашам дека ние за неколку месеци ќе треба повторно да ги задолжиме граѓаните, рече Петрушевска.

Коронавирус