недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 27
home Вести

Петрушевска: Интерпелацијата покажа дека парламентарното мнозинство не е стабилно

Петрушевска: Интерпелацијата покажа дека парламентарното мнозинство не е стабилно

Во емисијата „Филибастер“ на радио Лидер гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО – ДПМНЕ Марија Петрушевска која кажа дека интерпелацијата на Никола Димитров е доказ дека парламентарното мнозинство и не е така стабилно.

– Како последна актуелност која што доаѓа токму од собранието на Р.Македонија е токму интерпелацијата на господинот Димитров. Несомнено е дека ова што и вие го констатиравте сигналите кои што доаѓаат од парламентарното мнозинство е дека таму тоа и не е така стабилно. Зошто го велиме ова, имено токму интерпелацијата покажа дека од 62 пратеници кои што треба да дадат подршка на господинот Димитров за жал не беа присутни кога требаа истата да ја искажат рече Петрушевска.

Петрушевска појасна дека од 62 пратеници од парламентарното мнозинство само 55 го подржале Никола Димитров на интерпелацијата односно дека 7 пратеници недостасувале и потеницрапше дека тоа е сигурен знак за сериозните предизвици со кој што се соочуваат во обезбедување на стабилно парламетарено мнозинство.

– Имено , само 55 пратеници го подржаа односно 7 пратеници недостасуваа и тоа 7 пратеници замислете кои што во изминатите 6 месеци и тоа како нели гласаа за негова подршка и негово назначување за вице премиер за европски прашања и тоа ни дава една јасна слика дека најверојатно розите не така цветаат во нивното парламентарно мнозинство. Се прашуваме и ние денеска каде исчезнаа тие 7 пратеници и што внатре нели се случува но пораката е јасна дека се соочуваат со предизвици во овозможување на стабилно мнозинство и тоа секој ден се гледа и сведочиме ние во собранието но овој пат тоа беше потврда со интерпелацијата појасна Петрушевска.

Таа додава дека со оваа влада имаме огромна корупција и пад на економските слободи во изминатите 4 години

– Немаме подобрување во борбата со корупцијата , тоа го потврдува и „Транспаренси Интернешнл“, имаме пад во економските слободи. Понатака ние согласно индексот на демократија навистина сме на едно независно ниво и за жал не сме во групата на земји што треба да припаѓаме како кандидатка членка за полноправно членство во Европската Унија туку за жал напротив ние сме во група на земји каде што се Бангладеж, Авганистан и т.н. меѓутоа тоа загрижува и тоа говори за тажната и мрачната реалност во која што ние се наоѓаме последниве 4 години, рече Петрушевска.

Таа кажа дека очајната состојба со владеењето на правото е препознаено и од меѓународните институции и дека граѓаните немаат доверба во институциите на државата.

Тоа дополнително влијае на нашата агенда тука во Македонија и е препознаено од меѓународните институции, нашите стратеши партнери. Владењето на правото треба да биде примат на секоја влада и треба да биде највисоко на агендата. За жал токму овие приоритети беа заборавени заради низа на скандали кои што сведочевме во изминатиот период а сеуште не можеме да видиме разрешница. Граѓаните немаат доверба во институциите, заврши Петрушевска.

Таа вели дека оваа влада има изгубено допир со реалноста – корупција има во секој сегмент на општеството

– Оваа влада има изгубено допир со реалноста. Перцепцијата на граѓаните е таа вие не можете да ја смените а тоа е дека навистина овдека има корупција. Дури колку и да е навистина небулозна и апсурдна таа несреќна изјава на господинот Николовски, дури еве да ја подржиме таа теза каде што ја навредува самата инстутиција меѓународно призната институција која што вели дека видете вие морате да почнете да се борите со корупцијата која што е навлезена во секој сегмент во ова општество затоа што нема да имате напредок. Високото ниво на корупција не може да донесе економски развој, не може да донесе доверба во институциите и високото ниво на корупција ги брка младите од оваа држава кажа пратеничката Марија Петрушевска од ВМРО – ДПМНЕ во гостување на радио Лидер.

ЕУРО 2020

Македонија